На новинарско прашање во врска со олабавување на рестриктивните мерки, министерот за здравство Венко Филипче денеска потенцираше дека ако вака се движи епидемиолошката состојба, тогаш во јуни најверојатно ќе биде дозволено организација на свадба на отворено со 50 проценти на исполнетост на капацитетот, но само на отворено.
Исто така, Комисијата за заразни болести ќе го разгледува и барањето на угостителите да се дозволи и зголемување на бројот на гости на маси.
Филипче смета дека е рано за укинување на мерките за носење на маска.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.