еМагазин
Image default
Локално

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија.

Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа  во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешка сообраќајка на бул. „Теодосиј Гологанов“

Редакција

Маж пронајден починат во напуштена куќа во скопски Аеродром

Редакција

Скопјанец во „Фолксваген туарег“ удрил во две деветгодишни деца

Редакција