еМагазин
Image default
Македонија

Исказите на Нинџа за 27 април се „џејмс бондовски“ сценарија, вели одбраната на Спиро Ристовски

Сведокот Александар Василевски-Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „џејмс бондовски” сценарија.

Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како Обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ до исказ.

„Прв исказ кој Нинџа го има дадено пред ОЈО ГОКК е на 14.06.2018 година по неговото пријавување од бегство. Тоа е најсвеж исказ на овој сведок и судско правило дека овој исказ има најголем кредибилитет.

На прашање на одбраната зошто во неговинот исказ на 14.06.2018 година има изјавено дека протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) биле организирани од Кирил Божиновски, а на главната расправа пред овој суд изјавува дека протестите пред ДИК се организирани од организациониот секретар Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, сведокот одговора дека е сигурен,“ рече адвокатот Ристевски.

Од обезбедените листинзи на телефонските броеви на сведокот Александар Василевски – Нинџа, адвокатот Гоце Ристевски, посочи дека воопшто не е забележено телефонска комуникација меѓу Нинџа и обвинетиот Спиро Ристовски, на 27 април 2017 година.

„Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детал во сведочењето на овој дискретидивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите да вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти,“ рече Ристовски.

Судењето за „Организаторите на 27 април” e во фаза на завршните зборови. Минатите рочиште ова право го искористија обвинителството и обвинетиот Трајко Вељаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сузбиена македонско-бугарска криминална група, произведувала синтетичка дрога во Софија

Редакција

Спасовски не сака да шпекулира дали тој би бил технички премиер

Редакција

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

Редакција