еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонија нема доволно авиони и хеликоптери за гасење пожар, ама и противпожарни возила и пожарникари

Актуелната состојба со пожарите низ Македонија на површина повторно покажа колку државата ни е неорганизирана и колку системот за заштита од елементарни непогоди не ни функционира.

Од три авиони за гасење пожари во земјата, која е членка на НАТО, не функционира ни еден, оти истите треба да се сервисираат, а најоптимистичкото сценарио е дека барем еден од нив, ако има успешен тендер ќе може да биде функционален дури во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Ангелов за пожарите: Нека гори се, само сите да се живи и здрави

Трите хеликоптери на македонската Армија можат да летаат ноќно време, но не и да гасат пожар

Од трите хеликоптери на македонската Армија за гасење пожар, функционални се само два.

Проблемите се стари и се доказ за лошите приоритети на сите досегашни влади кои трошеа милиони евра на глупости и луксуз.

Проблем е и што нема на повидок најава за решение, туку како и секогаш неспособните институции си ја префрлаат одговорноста за ваквата состојба еден на друг и дневно-политички изјави дека работите ќе се решат.

Како што велат секо чудо за три дена, па темата најверојатно брзо ќе се заборави, до следните големи пожари.

Поради неспособноста на институциите и лошто менаџирање, Македонија беше принудена да бара помош од соседните земји, во време каде секаде има проблеми со пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Ништо подобра не ни е ни состојбата со противпожарните возила во земјава.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) пред две години објави база на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава.

Базата на податоци откри дека противпожарните единици располагаат со само 220 возила. Притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи.

Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век.

За споредба, министерствата и општините (според базата на податоци што ЦГК ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило.

Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29% се од минатиот век, а 71% се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години.

Освен противпожарни возила, на земјата и фалат и пожарникари, или во бројки сме во минус од 500 пожарникари, предвидени законски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешка питијада од 6 до 8. октомври, еве кој се ќе настапи

Редакција

Притвор за еден од подметнувачите на пожарот во угосителскиот објект на државниот правобранител Речи

Редакција

Пациент од Англија допатува во Клиника Жан Митрев за замена на колена

Редакција