еМагазин
Image default
Македонија

На Деве Баир одземено злато во вредност од девет милиони денари

Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и еден автобус.

Околу 06:00 часот на ГП Деве Баир за влез во државата се пријавил автобус марка „Мерецедес 0403“ со македонски регистарски ознаки SK 4662 BB, управувано од лицето Т. Д. од Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу девет милиони денари или 146.341 евра, информираат од Царина.

Стокaта и автобусот се привремено задржани со Потврдa за привремено одземени предмети и заедно со лицето се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Фото: ЦУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

Редакција

Што сведочеше професорот Борче Давитковски на судењето за „Маџар телеком“

Редакција

Историчарите бараат академската заедница да биде консултирана за сите општествени промени, вклучително и промената на Уставот

Редакција