еМагазин
Македонија

Во Струмичко поднесени три независни листи за советници и една независна кандидатура за градоначалник

Во четирите општини во струмичкиот регион досега се поднесени три независни листи за советници во општините Струмица и Босилово и една една независна кандидатура за градоначалник на општина Василево за локалните избори во октомври.

Вчера листи за советници за Струмица и Босилово поднело Здружението „Здрава котлина“ под името „Стига е“ и една листа за Советот на Општина Струмица од група избирачи на Шефкет Асанов.

Кандидатура за градоначалник на Василево поднел Иљо Ангов, кој до 30 овој месец треба да го собере потребниот број потписи, како и подносителите на листите за советници.

Инаку, во Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Струмица трае увидот во Избирачкиот список и досега 155 граѓани го искористиле своето право да извршат увид, а нема ниту едно барање некој да биде запишан во Избирачкиот список.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

55-годишен македонски државјанин загина во сообраќајка во Грција

Редакција

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Бугарија не признава само Македонци и Помаци

Редакција