еМагазин
Image default
Забава

Хип-хоп колективот „Чиста околина“ го најавуваат следниот албум со синглот „Врие Македонец“

2021 беше успешна година за хип-хоп колективот „Чиста околина“. Се вратија на сцената цели дваесет и пет години по објавувањето на култното деби „Новиот аспект на старата школа“ и го издадоа повратничкиот албум „Avant-garde Fatiguee”.

„Албумот беше поддржан од два сингла („Си играме со рапот“ и „Малку поети“), како и од дополнително албумско издание со инструментални верзии од песните.

Пред самиот крај на оваа исклучително важна година за бендот, тие сакаат да им порачаат на фановите дека забрзано работат на заокружување на следниот албум, што треба да биде објавен веќе во првата половина на 2022.

Како најава, денеска излезе „Врие Македонец“, првиот сингл од новиот материјал,“ информираат од „Филтер Лабел“.

„Чиста Околина“ остануваат доследни на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна го спојуваат хип-хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски – Шпато („Поздрав до оркестарот“), Телонаука совршена („Небо“), Анастасија („Гори“) и Алек Пејовски („Над истата темнина“).

„Ваквиот, навидум невозможен, колаж од музички стилови и влијанија, создава совршена подлога за експлозивниот, политички ангажиран текст, во кој бескомпромисно се занимаваат со безизлезноста во која, децении наназад, без престан тонат цели генерации.

На „Врие Македонец“, „Чиста околина“ ги придружуваат Кацар и Вена, а миксер и продуцент на песната е Драги Иванов, кој свири и гитара.

Наскоро ќе излезе и видео спот за синглот, во режија на Иван Солунчев,“ додаваат од „Филтер Лабел“.

Синглот „Врие Македонец“ може да се преслуша на следниов линк: filterlabel.fanlink.to.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Наоми Кембел се разголе за новата кампања на Вивиен Вествуд

Редакција

Пејачката Сара Мејс и ТВ водителот Димитар Атанасовски добија ќерка

Редакција

(Фото) Се сврши Васил Гарванлиев, наскоро и ќе се венча, партнерот не го открива

Редакција