Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата секретар за комуникации и јавни политики во рамки на канцеларијата на претседателот на Владата, соопштија од владината прес-служба.
Андреева ја презема оваа функција од досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор, велат од Владата.Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.