еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Добрососедство не се гради со оживување на едно мрачно минато, вели за отворањето на клубот “Ванчо Михајлов“ градоначалникот на Битола

Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци. Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, објави на својот Фејсбук профил битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Според него, кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволиле во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја.

– Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство.

После посетата на настанот во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на Македонците кои живеат таму, додава битолскиот градоначалник на својата Фејсбук страница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен“, проф. Дескоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

(Фото) „Ве описменивме“: Бугарската делегација во Битола пречекана со протести

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладите на 30 и 32 години: Од Ковид-19 починаа 13 лица, пет се вакцинирани

Редакција

Ременски: Видов се освен докази против мене во случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Има и деца: Бројот на загинати од земјотресите во Албанија се искачи на најмалку 13 лица

Редакција