Со новата акција на Sport Life, недобитните тикети кои имаат еден промашен тип може да ви донесат примамливи добивки. Овој пат што повеќе вакви тикети, тоа подобро, информираат од таму.
Играчот кој во времетраење на акцијата има најголем број на тикети со еден промашен тип, ќе ја освои највисоката премија од еден милион денари, второрангираниот и треторангираниот добиваат бесплатно обложување во период од еден месец со вредносни ваучери од 200, односно 100 денари.
Она што е исто така важно, е за да учествувате во акцијата треба ја приложите СЛ клуб картичката при уплаќање на тикетите.
Акцијата важи за тикети со најмалку шест одиграни натпревари, со една комбинација (несистемски тикети), за тикети од обложување во живо и за микс тикети.
Во текот на еден ден може да се рангира само еден тикет со еден промашен пар. Во случај на повеќе тикети со еден промашен пар, на контото на играчот се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент од погодените типови/натпревари.
Повеќе информации за правилата на следниот линк.
Акцијата во која треба да соберете најмногу тикети со „една промашена“ ќе се одвива од 19.04.2022 до 16.05.2022 година.
Информацијата за добитниците ќе биде објавена на веб-страницата www.sportlife.com.mk.