еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Жените, децата и постарите лица се целосно евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол

Жените, децата и постарите лица се целосно евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е под опсада на руските сили, соопшти вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

-Наредбата на претседателот е извршена, сите жени, деца и постари лица се евакуирани од „Азовстал“. Овој дел од хуманитарната операција Мариупол е завршен, рече таа.

Руски Тасс јави дека од фабриката се евакуирани 50 цивили.

Евакуацијата на цивилите претставува нов предизвик за Украина, да најде излез за војниците кои ветија дека нема да се предадат.

Според украинските власти, руските сили веќе ја прегледале фабриката, па дури и стигнале до нејзините тунели.

МИА/Фото: СЗО/Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

Штип, Свети Николе и Скопје со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Владата одлучи: Од утре полициски час од полноќ

Редакција