еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ бара итна реакција за заканата упатена кон новинарот Фуркан Салиу

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение до медиумите бара итна реакција за, како што посочува, експлицитната смртна закана упатена кон новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, која денеска е објавена од сомнителен профил именуван како „@narco_girl“ на социјалната мрежа Твитер.

-Во објавата се посочува следната закана: „Посакувам залутан куршум од вчера да завршеше во главата на Фуркан Салиу” и истата претставува директен повик за убиство кон новинарот Салиу со што се загрозува неговата безбедност, потенцираат од ЗНМ.

Посочуваат дека оваа закана по животот на новинарот Салиу, ќе ја пријават до Министерството за внатрешни работи (МВР) и во исто време ќе инсистираат на брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на авторот или авторите на оваа закана.

-Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

Новинарите кои известуваат за прашања од јавен интерес потребно е да бидат заштитени кога нивната безбедност е загрозена, бидејќи во спротивност се поттикнува цензура и дела од омраза кон медиумските работници, истакнуваат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со мирен протест во Битола се побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски

Редакција

(Фото) Медицинарите од Дебар: „Ние сме на работа, вие седете дома“

Редакција

Нов раст: 805 нови случаи на Ковид-19 од 6.980 тестирањa

Редакција