еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Курти: Нема да дозволам ситуацијата во Косово да се дестабилизира

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека нема да дозволи ситуацијата во земјата да се дестабилизира и повтори дека спроведувањето на одлуките на Владата ќе се одложат во моментот кога ќе бидат отстранети сите барикади поставени на северот од земјата.

– Во моментот кога ќе се отстранат барикадите на север и ќе се воспостави целосна слобода на движење, спроведувањето на двете владини одлуки се одложува за 1 септември 2022 година.

На север има девет барикади и очекуваме сите да бидат отстранети во текот на денешниот ден, рече Курти на заедничката конференција за новинари со министерот за внатрешни работи Џељаља Свечија.

Курти посочи дека одлуките на Владата на Косово никогаш не се носат врз основа на националниот идентитет.

– Насилството нема да се толерира, прекршителите ќе бидат казнети според законот, рече тој.

Косовскиот премиер им се заблагодари на американскиот амбасадор Џеф Ховени и на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за отворената комуникација и нивната улога во смирувањето на ситуацијата.

Тој додаде дека ја разбира загриженоста на европските и американските фактори поради, како што рече, негативниот ефект од кампањата за дезинформации врз двете одлуки, па изразиле подготвеност да ја одложат нивната примена до 1 септември, штом се отстранат барикадите.

– Го повикуваме меѓународниот фактор, ЕУ и НАТО, да го осудат насилството и агресијата на криминалните групи на северот на Косово, кои се охрабрени и финансирани од Белград, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ се надева на смирување на ситуацијата во Косово

Косовската влада ја одложи примената на одлуката за реципроцитет за личните карти и регистарските таблички

МИА/Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тошковски позитивен на Ковид-19

Редакција

“Марко е херој. Марко е голем херој!“: Твитер се разнежни за малиот Пејчиновски

Редакција

На 13 јули започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

Редакција