еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Мукаетов ги пречека златните кадети од Рига, РФМ ќе ги награди со 700.000 илјади денари

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов денеска се сретна со кадетската репрезентација која во неделата го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија.

Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат.

Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор.

Мукаетов уште еднаш покажа дека знае да ги цени успесите на македонските ракометари и дека не се случајни резултатите на репрезентациите во сите категории на кои РФМ им овозможува идеални услови за тренинзи и подготовки.

МИА/Фото: РФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишен затвореник од Идризово починал на пат до болница

Редакција

Кумановската фирма „Рапид билд“ ќе го гради гасоводот до Грција

Редакција

Мицкоски од Сиљановска Давкова мандатот за состав на нова влада ќе го добие идната недела

Редакција