еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи имале лани Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Приходите коишто заедно ги оствариле радиостаниците на државно ниво изнесувале 64,50 милиони денари. 10,16% од овој износ се приходите од платено политичко рекламирање (3,65 милиони денари) и финансиската помош со која од државниот буџет беа покриени трошоците за надоместокот за доволата (2,9 милиони денари), стои во Анализита на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Забележително повисоки приходи од останатите две радиостаници оствариле Канал 77 (28,52 милиони денари) и Антена 5 (25,42 милиони денари).

Вкупните приходи на Метрополис изнесувале 7,65 милиони денари, а најмалку приходи остварило Јон радио – само 2,91 милион денари.

Највисоки вкупни приходи имала Канал 77. Освен тоа, оваа радиостаница била едиствената која прикажала приходи остварeни по основ на спонзорства (1,74 милиони денари) и приходи од услуги обезбедени на трети страни (3,59 милиони денари).

Антена 5, како најслушана радиостаница со просечен неделен досег од 21,1%, остварила и највисоки приходи од реклами, кои изнесувале 25,25 милиони денари.

Споредено со претходната година, учеството на приходите од реклами во вкупните приходи од рекламирање е намалено кај Антена 5 и Метрополис, а е зголемено кај Канал 77 и Јон радио.

Од платено политичко рекламирање за време на локалните избори во 2021 година, највисоки приходи остварила Канал 77 – 1,73 милиони денари. Антена 5 остварила 0,70 милиони денари, Метрополис – 0,33 милиони денари и Јон – 0,89 милиони денари“, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антена 5, Канал 77 и Метрополис лани со добивка, Јон со загуба

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

ТВ 21 и Шења лани со добивка, Клан, ТВ 24, Сонце и Наша во загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М-НАВ доби нов претседател на Надзорниот одбор

Редакција

Македонската економија годинава со раст од 2%, прогнозира ЕБОР

Редакција

Недела ќе биде неработен ден, оние што ќе работат, ќе бидат платени и ќе имаат слободен ден

Редакција