еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Скопје чита“: Првиот Фестивал на книгата се отвора утре и ќе трае до 12 септември

Утре започнува првиот Фестивал на книгата на отворено пред СЦ Борис Трајковски (кај картингот) кој ќе трае сè до 12 септември.

„Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература ќе уживаат во богатата понуда. На Фестивалот на книгата ќе се претстават 30-тина издавачки куќи со изданија од голем број домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Посетителите од утре со почеток во 10:00 часот веќе ќе можат да ги разгледуваат најновите наслови на македонските издавачи, а во попладневните часови ќе уживаат во добра музика за која ќе се погрижат диџеј Брус и диџеј Џон Антонио, каде околу специјализираното катче за читање се очекува да има убава и опуштена атмосфера.

Во рамките на фестивалот е предвидено да има и кафетерија и катче за храна.

Работно време на фестивалот од 10 до 20.30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓународниот Аеродром Скопје акредитиран со Здравствен сертификат за аеродроми од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Редакција

Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година

Редакција

Пронајди енергија за активен ден со новите Баланс+крем јогурти

Редакција