еМагазин
Image default
Македонија

За Османи Левица не е македонска, туку партија во функција на руската пропаганда

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во одговор на прашање на брифингот со новинарите, потврдно одговори дека има сознанија и индиции за руско влијание врз политичкиот живот во земјава преку одредени извори за финансирање.

– Во рамки на оваа информација произлезена од Стејт департментот немаме дополнителни информации во однос на случувањата во нашата држава, но од нашите анализи од нашите инстиуции има такво нешто и тоа е комуницирано и констатирано во неколку наврати, дека има обиди за такво вмешување во партиско-политичкиот живот во С Македонија, но тие прашања ќе ви ги одговорат институциите што се надлежни за тоа, одговори Османи.

Тој, меѓутоа, во текот на брифингот одговарајќи на прашање за најавите на Левица за распишување нова иницијатива за референдум, одговори дека негов личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица ќе поднесе нова референдумска иницијатива

-Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме.

Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата, вели Османи.

Македонија во неколку наврати досега прогласи 11 руски дипломати за персона-нон-грата.

Експертот Џош Рудолф од Германскиот Маршалов фонд во интервју за српската редакција на Гласот на Америка ги коментира последните наводи дека Русија потрошила најмалку 300 милиони долари за да влијае врз политиката во повеќе од дваесетина земји од 2014 година, според нов декласифициран извештај на американските разузнавачки агенции, кој предупредува дека официјален Кремљ не завршил со плановите – со пари да изврши влијание.

Американскиот виш претставник запознаен со разузнавачките податоци, рече дека земјите што се опфатени во напорите за тајно финансирање на Русија ги вклучуваат Албанија, Босна, Црна Гора, Белгија и Мадагаскар. Иако, не се споменува во извештајот, тој ја наведе Македонија, наведува „Гласот на Америка“.

– Кога земјите прават планови за влез во НАТО како што видовме во случаите со Црна Гора и Македонија, особено во случајот со С Македонија, имаше грчки олигарх со врски со Русија, кој ги финансираше протестите против промена на името на Македонија и тоа го правеше и на двете страни на границата. Американската влада им ги пренесе на официјална Атина сознанијата и ги охрабри при што преземаа акција и објавија информации за тоа, вели Рудолф.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плевнелиев: Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда

Редакција

19-годишна Косоварка си „купила“ италијанска лична карта и здравствена легитимација во Македонија за 1.000 евра

Редакција

Само 18,2% од заразените со Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција