еМагазин
Image default
Бизнис

Платите во градинките ќе се зголемат за 15%

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, по што е испратен во Собранието за донесување по скратена постапка.

Со измената, законот се усогласува со Законот за минимална плата. Измените предвидуваат висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата, наместо сегашните 50 отсто од просечна плата и од растот на трошоците за живот.

Предвиден е и раст на платите на давателите на јавни услуги во установите за деца и нивно усогласување со платите на други даватели на услуги. Платата за сите даватели на услуги во детските градинки се зголемуваат за 15 отсто.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прагот за ДДВ обврзници се зголемува на два милиони денари

Редакција

Поскапи горива од ноќеска на полноќ

Редакција

Драгољуб Арсовски реизбран за член на УО и генерален извршен директор на ТТК Банка

Редакција