еМагазин
Image default
Спорт

Две финалиња за македонските каратисти на Светската Универзијада

Машкиот и женскиот тим на македонската карате-репрезентација се пласираа во финале во дисциплината борби на Светските универзитетски игри што се одржуваат во Самсун, Турција.

На ова глобално натпреварување, кое што од годинава е именувано како „Светски куп на боречки спортови“, пријавени се 1.100 учесници од 300 универзитети од 50 држави. Македонската универзитетска карате репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски, кој исто така е и тренер на скопски „Макпетрол“.

Машкиот тим, составен од Давид Петков, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Глигор Петков и Димитар Илиевски во полуфиналната борба ја победи екипата на Турција со резултат 3-2.

Во финалето тие утре за злато ќе се борат со тимот на Јордан. Нашиот карате тим на Европската универзијада во Лоѓ, Полска, во јули годинава во истата категорија беше првопласиран.

Женскиот карате тим во полуфиналната борба беше поуспешен од екипата на Турција со резултат од 1-0. Во финалето тие ќе се сретнат со Хрватска. За тимот настапуваат Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска.

Во поединечните категории, следниве македонски спортисти утре ќе се борат за бронзен медал: Давид Петков (-67 кг.), Ангела Мојсовска (-68кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Марија Петровска (-55 кг.).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го победи Гибралтар во вториот меч во Лигата на нации

Редакција

Македонија со трет пораз на Светското првенство во ракомет, изгуби и од Аргентина

Редакција

(Фото) Започна Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“

Редакција