еМагазин
Image default
Бизнис

Адора: Изјавата на БЕГ не е точна

Изјавата на БЕГ не е точна од неколку аспекти, велат од Адора.

„Пред сè Адора топланите не ги купи издадени под закуп, туку во стечајна постапка без никаков товар и прибелешка во имотен лист и во решение за купопродажба.

Дополнително Договорот за закуп на топланите и официјално е откажан со Одлука на Одборот на доверители на 22.12.2021 година. Од тогаш па сè до денес топланите се користат без регулиран однос со сопственикот Адора.

БЕГ не се согласуваше со оваа одлука и покрена неколку судски постапки, од кои дел завршија со правосилни судски одлуки и им беа одбиени како неосновани, а дел БЕГ ги повлече, бидејќи јасно беше дека ќе ги загубат.

Околу тврдењето дека го плаќале закупот, а од страна на Адора сумите биле враќани, тоа делумно е така, меѓутоа причината зошто од Адора не беа прифатени тие средства не е поради висината на закупот, туку поради основот на плаќањето.

БЕГ ги плаќаше тие пари повикувајќи се на стар Договор за закуп кој беше откажан, факт потврден со судски одлуки, со што БЕГ нелигитимно сакаше да го одржи истиот во живот. БЕГ сега велат дека ќе се раздолжат кон Адора во некоја недефинирана иднина, што не е воопшто типично за функционирање како дел од регулиран бизнис.

Доколку ЕСМ го превземе регулираното производство на топлинска енергија, БЕГ од тој момент ќе престане да има било каков приход од дејноста што ќе придонесе до неможност да го исплати долгот,“ велат од Адора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чифлиганец: Преку случајот со Топланите се потврдуваат извештаите на САД и ЕУ за владеење на правната несигурност во државата

БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција

„Римес МС Гроуп“ го доби тендерот на Министерство за одбрана за набавка на месо вреден 217.000 евра

Редакција

Кои се најголемите акционери во Инекс Горица

Редакција