еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина, информираат од НЛБ Банка.

Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината.

Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи.

-Во третата по ред #РамкаЗаПомош, НЛБ Групацијата им даде можност на ентузијастите кои преку своите активности и решенија придонесуваат за постигнување на најмалку една од седумнаесетте цели за одржлив развој на Обединетите нации и ги следат насоките на Рамката за одржлив развој на НЛБ Групацијата, велат од таму.

Во апликациите, компаниите требаше да ги претстават своите активности, проекти или предлози за одржлива трансформација, притоа дефинирајќи на која компонента на одржливост во сегментот на Управување со еколошки и социјални аспекти (ESG) истите се однесуваат.

Меѓу 300-те компании-апликанти на сите шест пазари каде што работи НЛБ Групацијата, односно во Словенија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, најголемиот број компании (дури 150) презентираа проекти со еколошка компонента, нешто помалку компании (119) проекти со социјална компонента, додека останатите се занимаваа со  аспектот на управување со одржливоста.

Кај словенечките претприемачи нема недостиг од одржливи идеи

Најголем број пријавени претприемачи и компании, дури 82, се во Словенија.

„Годинешната #РамкаЗаПомош покажа дека претприемачите храбро чекорат по патот на одржливоста. Мора да признаеме дека бројот на компаниите кои се пријавија на повикот и ги презентираа своите проекти, ги надмина нашите очекувања.

За разлика од претходните години кога ги поддржувавме микро, малите и средни претпријатија кои ги почувствуваа страшните последици од корона кризата и им понудивме, меѓу другото, бесплатен простор за рекламирање, овојпат една од клучните компоненти беше компаниите да понудат одржливи решенија или имаат одржливи операции, без разлика дали тоа е од еколошки, социјален или од аспект на управување со одржливоста.

Ова само докажува колку е исклучително важен аспектот на одржливоста, а од друга страна, колку се проактивни и далекувидни нашите претприемачи“, објасни Наташа Земљич Пангерц – тим лидер за Југозападен регион, мали и средни компании во НЛБ и членка на жирито кое ги оценуваше проектите на словенечките компании.

Членовите на првостепеното жири составено од експерти од банките во НЛБ Групацијата и претставник на Делоит Словенија избраа десет финалисти од апликациите на сите пазари кои ќе бидат наградени со посебни банкарски поволности, како и нивна медиумска презентација.

Дополнително, второ-степено регионално жири ќе ги избере првите три регионални победници кои ќе ги понудат најдобрите решенија за одржливост, циркуларност и идни предизвици.

Специјално за нив НЛБ Групацијата издвои буџет за спонзорство од 100.000 евра (најдобриот проект ќе биде награден со 50.000 евра, второпласираниот со 30.000 евра и третопласираниот со 20.000 евра), а консултантската куќа Делоит ќе им обезбеди осумчасовна бесплатна консултантска услуга за тоа како успешно да се интегрираат одржливите операции во стратешките и оперативните процеси во нивната компанија.

Регионалните победници ќе бидат објавени наскоро, веќе следната недела, во четврток на 24 ноември.

Вистински момент за одржлива трансформација

Партнерите на проектот #РамкаЗаПомош, покрај НЛБ и Делоит, Мастеркард, Про плус, Блумберг Адриа и Еуроплакат, го делат мислењето дека заедно можеме да ги направиме работите подобри и можеме да придонесеме за подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.

„Нашето внимание се фокусира на иднината на овој регион и на можностите што тој ги нуди, а кои ние во НЛБ Групацијата можеме да ги поддржиме преку нашите одлуки и услуги, односно преку нашето делување.

Оттука, фокусирањето на одржливоста преку проектот #РамкаЗаПомош е нешто што за нас е сосема природно,“ рече извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак на почетокот на проектот.

„Одржливоста, во најширока смисла на зборот, не само од еколошки аспект, туку и од социјален, како и од аспект на управување, е во срцето на нашата работа. Ние сме исклучително горди на овој регион на можности, каков што е регионот на Југоисточна Европа и знаеме дека тој навистина има многу да понуди – од квалитет на живот, до знаење и иновативни идеи.

За да продолжи да биде така, со проектот #РамкаЗаПомош, овојпат ќе бараме одржливи решенија за подобро утре. За нас овој регион не е само точка на мапата. Ова е нашиот дом“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Доделени наградите „13 Ноември“: Меѓу добитниците Диме Поповски, Жарко Караџовски, Илина Арсова…

Редакција

(Фото-вест) Lisca Selection: Почувствувајте го пулсот

Редакција

(Фото) Румор во Скопје го отвори новото јадро на високата мода

Редакција