Од Кривичен суд информираат дека се одложува судењето за предметот кој се однесува на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 13.03.2023 година ќе се одложи.
Имено до судот е доставено ново стручно милсење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели.
Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена, велат од таму.
Фото: Влада