Во првиот квартал од годинава Интерпромет АД Тетово остварил приходи од 4.647 илјади денари, кои се за 1.594 илјади денари помали од приходите во истиот период од минатата 2022 година кога тие изнесувале 6.241 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 500 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2022 година во износ од 3.645 илјади денари, што претставува намалување или нето добивка помала за 1.188 илјади денари.
Ова намалувавање се должи на статусната промена-поделба на Друштвото со издвојување со основање на ново трговско друштво.
Статусната промена е спроведена врз основа на План за поделба на друштвото со извдојување со основање на ново трговско друштво.
Друштвото оствари расходи во износ од 4.147 илјади денари, кои се за 274 илјади помали од расходите во истиот период за минатата 2022 година кога тие изнесувале 4.421 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовски Интерпромет лани со загуба