Почина 67-годишен кичевец, кој додека управувал електричен мотоцикл, му се слошило и паднал, соопшти МВР.
„Вчера, на улицата Партизански одреди во Кичево, на Е. Д. (67) му се слошило додека управувал електричен мотоцикл, без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.