еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

{ЗАЕДНО} стекнуваме здрави навики: dm дрогерие маркт организираше бесплатни дерматолошки прегледи во Охрид

Во организација на компанијата дм дрогерие маркт изминатата сабота, на 22 јули, на плажата Golden Beach во Охрид, се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи за сите посетители, информираат од таму.

Во соработка со врвниот дерматолошки тим составен од д-р Лидија Христова и д-р Александра Лазаревска повеќе од 100 посетители имаа можност да ја искористат оваа прилика и бесплатно да се прегледаат, а воедно да добијат бесплатни совети за правилна заштита од сонцето, нега на кожа, како и одговори на сите прашања кои ги имаа за двете докторки.

„Целта на овој настан, односно бесплатните дерматолошки прегледи, е да ја подигнеме свеста на што поголем број граѓани за важноста на правилната нега и заштита на кожата, а истовремено и да ја потенцираме важноста од редовни дерматолошки прегледи,“  изјавија од dm во врска со овој настан.

Во добра атмосфера, со супер музика, проследена со освежителни пијалаци, како и забава и дружење за најмладите, иницијативата наиде на голем интерес од страна на присутните, кои ја поздравија оваа активност со порака почесто да се организираат вакви настани, бидејќи на овој начин може да се подигне свеста на луѓето за сопственото здравје и да се стекне навика за редовни здравствени контроли, бидејќи…како што се велеше и во најавата на овој настан: „Превенцијата е половина здравје“!, посочуваат од таму

А, токму такви беа и резултатите од овие прегледи: на повеќе од 50 прегледани лица им беа препорачани редовни дерматолошки следења на промените на кожата, додека кај 2 лица беше индицирано отстранување на сомнителни бенки.

„Сите ние речиси без исклучок сонуваме за беспрекорен бронзен тен, посебно во лето. Но, која е цената која ја плаќаме за ваквиот изглед? Прекумерното изложување на сонце може да има токсичен ефект на површните клетки од кожата, кое пак доведува до оштетување и предвремено стареење, појава на дамки и многу други типови на кожни заболувања. Само со правилна заштита, едукација и редовни прегледни можеме да се заштитиме од ова,“  изјави Лазаревска по повод саботните дерматолошки прегледи.

Општествено-одговорното работење на компанијата dm дрогерие маркт на нашиот пазар е повеќе од познато на нашата јавност. Во изминатите години сведоци сме на бројни добротворни иницијативи и донации од страна на компанијата, кои достигнаа и повеќе од 5,3 милиони денари во деловната 2021/22 година, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Пасошко„ – нова хит песна, направена со вештачка интелегенција

Редакција

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Редакција

Мерцедесот дизајниран од нашиот Славче Таневски кој работи во Mercedes-Benz, е еден од најпродаваните модели

Редакција