еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „We Are Energy“ нова песна на Brass Brothers

Музичката атракција Brass Brothers првата деценија од своето постоење ја заокружува со новата песна „We Are Energy“ која претставува подарок за публиката и најава за истоимениот втор албум.

Нумерата „We Are Energy“, е химната на бендот, со мелодија и текст кои најсуштински го вокализираат сето она што момците го носат во себе и го предаваат на сцената. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

„We Are Energy“ е одличен потсетник дека сите сме поврзани преку енергијата што ја носиме во себе, дека сме дел од нешто поголемо, дека имаме бескраен потенцијал во себе и дека секој од нас може да го промени светот на подобро.

А замислете колкава промена можеме да направиме кога ќе ги сплотиме нашите возвишени енергии и ќе ги насочиме кон убави нешта.

Момците успеваат да го доловат ова на секој нивен настап. Со нивниот виртуозен стил на интеракција, кој ја вовлекува и публиката во нивната музичка приказна, тие ослободуваат уникатна животна енергија која не инспирира да го живееме животот без стеги стравови и ограничувања.

„We Are Energy“ е нивната благодарница до публиката, која на секој настап, со отворени срца ја восприема музиката, позитивната енергија, љубовта и спонтано станува дел од нивната музичка магија.

Музиката и аранжманот на „We Are Energy“  е дело на Горан Мицевски Кус, фронтменот и тромбонистот на Brass Brothers.

Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.

Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред се поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук. Зад себе ги имаат авторските нумери како „Време Невреме“ на македонски јазик, како и петте музички нумери „Balkan Mayhem“, „Winner“, „The Spark“, „Inseparable“ и „Take My Hand“ од првиот албум на англиски јазик „Balkan Mayhem“.

Албумот „Balkan Mayhem“ претставува извонредно креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, Brass Brothers создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет.

Со вториот албум „We Are Energy”, Brass Brothers  ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната но и светската музика сцена.

Нивната музика е достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанка на 59 години почина од корона вирусот

Редакција

Убава вест: Јабланица ќе стане национален парк

Редакција

(Видео) Хамас со ракетен напад врз Тел Авив

Редакција