еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре силен ветер, пороен дожд и грмежи, во четврток значително пониски температури

Од утре се очекува промена на времето. Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, но ќе дува засилен југозападен ветер, на повеќе места и над 60 километри на час.

Потоа, кон крајот на денот, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, силен северен ветер ќе продолжи да дува и во четврток кога се очекува значително да се намали дневната температура, за околу десет степени. Ќе има услови и за слаб локален дожд.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ најави граѓански протест на 18 јуни, продолжува активната блокада на Собранието

Редакција

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција

Владата предложи Пендаровски да ја активира Армијата во справување со кризната состојба во дебарско

Редакција