еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Убава вест: Јабланица ќе стане национален парк

Владата ја прифати информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а истата е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.

Првиот чекор е изработка на Студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја започне Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со тоа, ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски согласно ратификуваните конвенции и ЕУ директивите за живеалишта и видови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 594 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Драма за тутунот во Љуботен, еми што ќе се случи ако се чепне нарко, фармацевтската, градежната… мафија?

Редакција

(Видео) Пратеник на Левица го искрши мониторот и микрофонот на заменик претседателот на Собранието, Мисовски

Редакција