ОБД Еуромак Брокер во својата јубилејна 20-та година од постоење и деловна активност се закити со престижната награда „Креатори за векови“ за исклучителен придонес и достигнувања во развојот на претприемништвото во сферата на финансиските услуги на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, за 2022/2023 година, информираат од таму.
Наградата Креатори за векови (SZS − „Stvaratelii za stoljeca“) беше доделена на Светскиот регионалени конгрес на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа што годинава по деветти пат се одржа во Дубровник, Хрватска.
Изборот на добитниците за ова големо признанието го вршат еминентни инвеститори, претприемачи, претставници од високообразовните институции, како и ПР и маркетинг агенции од девет земји од регионот.
Креатори за векови е награда чиишто мисија и цел, како што се вели во официјалното соопштение од организаторот, се: „Оддавање јавна почит на најзаслужните личности, организации и институции за нивниот придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, како и насочување на вниманието на пошироката јавност кон големите визионери и лидери на утрешниот ден, чијашто храброст, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата во којашто живееме, а кои се воедно и креатори на развојот и на предизвиците за новата ера“.
Во истото соопштение понатаму се вели: „Награда и признание Креатори за векови за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2022/23 година, во сферата на финансиски услуги: Еуромак Брокер АД, Скопје. Република Северна Македонија“.
„Пријатно сум изненаден и извонредно почестен што етаблирани бизнисмени, професионалци и експерти од сферата на економијата и претпримиштвото, нѐ препознале како важни чинители за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на полето на финасиите.
Ова е извонредно признание, кое претставува печат и круна, не само на 2022/2023 година, но и на секоја од 20-те години што Еуромак Брокер и секој негов вработен, низ посветеност и континуирани залагања ги нижеа инвестирајќи во сопствен развој и развој на нашата дејност во нашата земја и регионот, а посебно во едукацијата на клиентите за осигурителната дејност.
Ова признание сега веќе претставува и обврска за уште поголеми заложби во креирање благотворна клима за новите генерации коишто се идни предводници на развојот и идни креатори за векови“, по повод укажаната чест, истакна Драган Лазарески, управител и основач на ОБД Еуромак Брокер АД Скопје.
Во Декларацијата на Светскиот конгрес на претприемачи што го сочинуваат претставници на академската заедница, владите, деловниот сектор, граѓанското општество и медиумите, коишто својата активност ја сметаат за континуиран ангажман, иновативен и одговорен кон себе и кон другите, како и кон средината во која делуваат, се вели: „Светскиот конгрес на претприемачи собира активни, инвентивни експерти, посветени на создавањето нови вредности, продлабочување на економските и сите други облици на поврзување, ориентирани кон општа благосостојба и сигурна иднина“.