еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Животно осигурување: Посигурна иднина за себе и за луѓето кои ни значат

Дали верувате во животно осигурување? Сигурно знаете дека постои, и веројатно сте слушнале многумина како се прашуваат „што тоа обезбедува, дали ми е потребно“… но дали истото важи и за вас? Животното осигурување постои за да им обезбеди финансиска поддршка на луѓето кои најмногу ви значат, во случај нешто лошо да ви се случи на вас. Затоа, сега е добар момент да размислите за неговите бенефити и да дознаете за начините како тоа може да ви помогне да се заштитите, но истовремено и да заштедите драгоцени средства.

Многу често, кога зборуваме за животно осигурување помислуваме на најлошото… Но, тоа е многу повеќе од само одредена сума пари која се добива по фатален случај на осигуреникот. Со животното осигурување го обезбедувате сопствениот живот, со што им давате и сигурност и на вашите најблиски во случај на несреќа, но тоа исто така претставува и можност за создавање капитал за времето кога приходите ќе ви се намалат – без разлика дали се работи за престан на редовниот работен однос, заминување во пензија или некоја трета причина.

Во последните неколку години, се’ повеќе луѓе стануваат свесни за важноста на сопствениот живот и финансискиот товар кој тој го носи, па решаваат да склучат осигурителна полиса. Всушност, показател за тоа се и податоците од земјава, кои велат дека во 2023 година има над 300.000 лица кои имаат осигурување живот, а вложувањата во осигурување живот лани се на ниво од 40 милиони евра што е 3,4 милиони евра повеќе од 2022 година.

На кого му е тоа потребно? Постојат два типа на луѓе на кои НЕ им е потребно животно осигурување. Првите се млади, малолетни лица кои немаат финансиски примања и семејни обврски; а вторите се пензионери кои имаат заработено доволно за мирна старост и поради тоа не гледаат потреба од животно осигурување. Ако вие не се препознавте во ниту една од овие групи, тогаш сметајте дека ви е потребно животно осигурување.

Мирната и безбедна сегашност е најдобрата платформа за среќна иднина. Инвестирањето во животно осигурување ќе ви даде можност спокојно да ги планирате деновите кои доаѓаат, неоптоварени од сите оние потенцијални начини на кои нешто може да тргне наопаку. А доколку се’ помине добро во предвидениот рок на осигурувањето, по истекот на истото, кај продуктите со штедна компонента на корисникот на осигурување ќе му бидат исплатени парични средства од осигурувањето, кои пак ќе отворат нови можности за инвестирање.

Кога ќе бидете сигурни дека е вистинско време за животно осигурување, време е да ја одберете вистинската понуда. Друштвата за осигурување нудат различни продукти за животното осигурување, како на пример традиционалните полиси за животното осигурување, осигурување поврзано со инвестициски фондови, осигурување во случај на загуба на живот и други.

Полисата за животно осигурување може да се адаптира на сечии индивидуални потребни, во зависност од возраста, полот, но и индивидуалните желби и барања. Тоа ви остава простор на вас како осигуреник да одберете како и колку сакате да се осигурате, да ги вложите парите во вас и вашите најблиски и да создадете капитал за во иднина, на алтернативен начин.

Има уште една работа околу животното осигурување: колку подолго чекате да го купите, толку поскапо тоа станува. Затоа, не ги одложувајте работите, разговарајте со професионалец и донесете ја најдобрата можна одлука за вашата иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да ги поставите вашите финансиски цели?

Редакција

Околу 1.700 ученици и наставници посетиле предавања за финансиска едукација на Народна банка

Редакција

(Фото) Како да препознаете фалсификат и оригинал монета од 2 евра

Редакција