еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Меморија објави нова песна – колаж од „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“ 

Македонската група Меморија деновиве ја објави новата песна „Македонски бисери„, која е колаж од рефрените на познатите македонски песни „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“.

Аранжманот е на Петар Георгиевски – Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио студио „Тра ла ла“ е снимена песната, а како продуценти на истата се јавуваат Мите Димовски и Давор Јордановски. Извршен продуцент на проектот е Камиказа.

На 1. јуни Меморија ќе има концерт во „Дом на млади“ во Штип, а на истиот како специјален гостин ќе се појави познатиот македонски пејач Трајче Манев.

Билетите можат да се набават во самиот „Дом на Млади“, секој работен ден од 08:00-16:00 часот или на означените продажни места низ Штип и онлајн на tickets.domnamladi.mk.

Од таму најавуваат дека нови песни на бендот ќе излегуваат една по една во етерот, се’ до големиот скопски концерт на 16. ноември во арената „Борис Трајковски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меморија по 30 години објави нова песна „За тебе“

Фото/видео: Меморија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два месеци се знаело за бегството преку тунел кое го подготвувале затворениците во Идризово

Редакција

(Фото) „Гигантски велосипед“ кој потсетува: Скоро на секој велосипедист му е украден по еден велосипед

Редакција

Во САД одобрена трета доза вакцина за лицата со послаб имунолошки систем

Редакција