еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Почнува со реализација проектот „Летај галебе“: Младите за Маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола – на битолската сцена на 7. јуни

Во чест на богатото музичкото творештво на Маестро Кире Костов, на 7 јуни годинава ќе се одржи концертен настан во неговата родна Битола, во чии рамки 11 млади интерпретатори со битолскиот Камерен оркестар, ќе ги вратат на сцена безвременските хитови на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент.

Музичкиот настан кој ќе се одржи во НУ „Центар за култура“ Битола со почеток во 20:00 часот, е увертира на проектот од национален интерес „Летај Галебе“.

На битолската сцена, неделава, заедно со Камерниот оркестар од Битола, под диригентската палка на Владимир Димовски, ќе настапат: Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Антониа Гиговска, Сефедин Бајрамов, Кики Мукаетова, Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Драгана Јовановска, Раде Врчаковски Врчак, Андреа Томовска и Владимир Костов, додека во улога на модератор на настанот, е актерот Петар Горко.

Автентичниот вовед, пак, му е доверен на животниот другар и музички партнер на Кире во креирањето на најголемите македонскихитови, евергрини песништа… Проф. д-р Миодраг Врчаковски.

Во рамки на проектната платформа „Летај галебе“, во времетраење од јуни 2024 – април 2025, кон крајот на годинава е предвидена и пригодна промоција на книга – Омаж на ликот и делото на легендарниот композитор, а веќе следната година и гала-концерт на најеминентните изведувачи во земјава, со Моцартов состав, во Националната опера и балет.

Проектот „Летај галебе“ има за цел афирмација, но и заживување на некогашните богати музички вредности, чии високи стандарди се честа тема на дебата на актуелната културна сцена и кон чие достигнување се стремат и денешните музичари, уметници и творци во рамки на модерната и класичната музичка дејност.

Проектот претставува поттик на долг рок, да се врати балансот помеѓу современите и традиционалните музички вредности. Да им се даде мотив на искусните творци да ја продолжат мисијата на маестро Костов, но и да им се даде насока на младите музички работници, во која насока треба да се развива македонската музичка творба.

Иницијатор на проектната платформа „Летај Галебе“, е сопругата на Маестро Костов, Кармен Костова.

„Летај галебе“ е обединување на македонската музичка сцена, преку вклучување еминентни индивидуални и институционални учесници, чиј досег ги надминува границите на моножанровски опфат и овозможува едно комплетно сценско доживување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жителите на Рамни Габер го заклучиле објектот каде што требало да се гласа

Редакција

(Видео-Фото) Светскиот шампион во современ танц Анди заигра пред Пендаровски

Редакција

Кампањата за зголемување на бројот на донори „Биди срцевина, биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча

Редакција