еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата во Градски парк со dm дрогерие маркт

Колку е времето поминато на сонце корисно и удобно, толку е и самата заштита од сончевите зраци, но и превенцијата важна – а тоа dm многу добро го знае! Втора година по ред, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани на бесплатни дерматолошки прегледи.

Иако летото е едно од нашите омилени годишни времиња, поради високите температури и штетните сончеви зраци, тоа со себе носи различни предизвици. Притоа, посебно е важно да обрнеме внимание на тоа како правилно да се заштитиме од УВА и УВБ зрачењето кое може да предизвика промени на кожата, па и оние кои се малигни, неретко фатални.

Дерматолозите алармираат дека зголемената стапка на пораст на кожниот меланом, посебно кај младата популација е загрижувачка и дека ова не бира ниту возраст ниту пол. Согласно статистиките во 2020 година биле забележани вкупно 325.000 нови случаи на меланом на глобално ниво (174.000 мажи, 151.000 жени), а доколку продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом ќе се зголеми на 510.000 (приближно зголемување од 50%) до 2040 година. Повеќето случаи на рак на кожата се предизвикани од прекумерна изложеност на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето или солариум. Превенцијата е од особено значење за заштита од овие заболувања, а редовните дерматолошки контроли на бенките и промените на кожата, како и заштитата од УВ зрачењата се еден од главните методи.

Првиот термин се одржа на 9 јуни во Парк шумата Гази Баба, каде одзивот беше голем, а овој викенд ќе може да го пронајдете тимот на стручни дерматолози во Градскиот парк во Скопје – 15 и 16 јуни од 17 до 21 часот. Доколку не успеете овој викенд да се прегледате, бесплатни дерматолошки прегледи ќе има и во Охрид – Куба Либре на 22 и 23 јуни во период од 16 до 20 часот, односно од 11 до 15 часот.

Дерматолошките прегледи се вршат на бенките и другите неправилности на кожата, со дерматоскоп и придонесуваат за тоа да се утврди општата состојба и типот на кожата. Се прашувате зошто се важни редовните дерматолошки прегледи со дерматоскоп? Тие се потребни за преглед на бенките и пигментните промени на кожата, но и поради настанувањето на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци.

Зачувајте ги датумите и не заборавајте дека кожата е нашиот најголем орган кој има бројни улоги во нашата заштита од околината и надворешните влијанија!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите

Редакција

Компанијата Дади компани донира гориво за противпожарните возила

Редакција

НЛБ Банка повторно со поддршка на микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

Редакција