Академик Таки Фити ја оцени за апсурдна идејата на коалицијата „Вреди“ за формирање на Академија на Албанците за наука и уметност, бидејќи како што вели, во ниту една современа земја, нема две национални академии.
„Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја. Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија. И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност.
Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири,“ изјави Фити за Локално.мк.
Тој се потсети и на еминентниот писател Луан Старова, кој почина во 2022 година.
„Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс.
Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил, зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен, нас не не интересира националност,“ додава Фити и потенцира дека во наука не смеат да се инкорпираат етнички или политички принципи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И СДСМ против отварање на академија на Албанците во Македонија
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија, регира владејачката ЗНАМ
Во една држава не може да има две национални академии, вели академик Камбовски
Фото: Влада