еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поради старост и болести евтаназирана слоницата Дуња во Скопје ЗОО

Во текот на вчерашниот ден, азиската слоница Дуња од скопската Зоолошка градина, била евтаназирана, информираа од таму.

Таа беше позајмена од зоолошката „Pairi Daiza” од Белгија, а одлуката била донесена откако била прегледана од тим експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови), кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата.

„Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.

Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.

Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.

За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.

Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа.

Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот – „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.

Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови“,“ се вели во соопштението.

Фото: Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила: Мира „дизел“ има само кредит и кредитна картичка

Редакција

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Редакција

Веќе потрошени 120 милиони евра од планираниот годишен дефицит од 260 милиони евра

Редакција