еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Вечерва спектакал од „паѓачки ѕвезди: Организирано групно гледање на метеорскиот дожд „Персеиди“

Скопското астрономско друштво организира групно набљудување на метеорскиот дожд Персеиди, кој е активен, а пикот се очекува овој викенд.

„Персеидите се редовен посетител на летното ноќно небо на северната хемисфера, видливи од 14 јули до 24. август. Пикот на метеорскиот дожд, кога ќе бидат видливи најголем број „паѓачки ѕвезди” нè очекува на 11/12 август.

По тој повод Скопското астрономско друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Персеиди, ноќта помеѓу недела (11 август) и понеделник (12 август) од локацијата Рудине, над браната Козјак, на околу 100 метри западно од ресторанот Аурора.

Набљудувањето ќе трае од полноќ до зори. Локацијата е избрана поради малото светлинско загадување со што ќе се обезбедат оптимални услови за оваа летна „приредба”,“ се вели во соопштението.

Од таму велат дека, бидејќи метеорите се набљудуват со голо око, не ви се потребни помагала како двоглед или телескоп. Потребно е да си најдете некоја столица или лежалка, да се облечете потопло, да се свртите кон најтемниот дел од небото и да уживате во ѕвездите што паѓаат.

„Набљудувањето е најдобро да го започнете некаде по полноќ, при што треба да внимавате да не користите телефони или било каков уред со светло затоа што ќе ви се уништи ноќниот вид, со што нема да ги видите побројните и послабите по сјај метеори.

Во видното поле избегнувајте да ви влезе било какво светло, некое дрво или куќа или било што што ќе ви го попречи видното поле. Одберете некоја светла ѕвезда на околу 45 степени (+/- 10ина степени) над хоризонтот и гледајте да не го менувате видното поле што е можно подолго,“ се вели во соопштението.

Фото: Фејсбук/Скопско астрономско друштво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Се движиме кон колективен имунитет на новиот сој на Ковид-19, што би требало добро да држи барем до Нова година

Редакција

Твитер „збесна“ по изјавата на Заев за можното киднапирање на Груевски: „Владата ќе собира пари да го откупи“

Редакција

Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени

Редакција