еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Oперата „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 16. ноември

Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16. ноември со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи гостинката од Јапонија, Хироко Морита, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина  Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко  Гапо, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“  Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 198 случаи на заразени со корона вирусот од 1.382 тестирања, 83 во Скопје

Редакција

Во кумановскиот затвор се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот во Габреш

Редакција

И денеска во жолта фаза: Сончево и многу топло со температура до 39 степени

Редакција