еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишни пакетчиња за децата од ранливи категории и за лица со посебни потреби-донација од „Sport Life“

Обложувалниците „Sport Life“ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост, информираат од таму.

По тој повод, беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“- Куманово, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, Здружение за ретки болести „КОКИЧИЊА“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“ – Волково.

„Им благодариме за убавиот прием, за радоста и насмевките кои ни ги подарија, сите деца и лица од ранливите категории, за нас ова претставува благородна традиција и дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество. Истата со голема радост и задоволство ќе ја продолжиме и во иднина, воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници, изјави Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ, СЕММ и ИАБ ќе соработуваат за дигиталното огласување да се одвива во медиумите во Регистарот

Редакција

Владимир Мандичевски-Манде ја промовираше својата прва книга „Јас пратеник“

Редакција

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Редакција