еМагазин
Image default
Бизнис

Зошто е неопходно да се прилагодат тарифите на нотарските услуги?

Повеќе од 20 години нотарите во земјава работат според исти тарифи, а од друга страна, цените растат во сите сектори, од енергетиката до секојдневните трошоци. Со цел да се одржи квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат нотарите, нужна е корекција и прилагодување на тарифите. Дали ова значи само повисоки давачки за граѓаните или, напротив, подобра правна заштита и ефикасност?

Нотарите се клучна алка во правниот систем, гарантирајќи сигурност во трансакциите, имотните договори и заштитата од правни злоупотреби. Нивната работа спречува судски спорови, заштедувајќи време и ресурси и на граѓаните и на државата. Нотарите, иако често во државата се гледаат како „лица кои само заверуваат документи“, вистината е дека тие се гаранти на правната сигурност и доверба во правниот систем и спречуваат правни спорови и злоупотреби, со што директно го олеснуваат функционирањето на судскиот систем.

Но, нотарските тарифи со години остануваат исти, иако обемот на работа, регулативите и трошоците за функционирање значително се зголемуваат. Постојните тарифи се дефинирани пред речиси две децении, во сосема поинаков економски контекст.

Денес, нотарите се соочуваат со значително зголемени административни трошоци (канцелариски материјали, лиценцирани софтвери, одржување на безбедносни стандарди), поголем број обврски кон државните институции, кои бараат дополнителна документација и контроли, потреба за инвестиции во дигитализација, со цел да се обезбедат побрзи и поефикасни услуги за граѓаните. Сето ова, вклучително и трошоците што ги имаат, во прашање го доведува и нивниот опстанок.

Во споредба со соседните земји, Македонија има значително пониски нотарски тарифи и покрај тоа што нотарите кај нас имаат исти, ако не и поголеми обврски.

Со ажурирање на тарифите, нотаријатот ќе може да обезбеди побрза и поефикасна услуга за граѓаните, подобра заштита од правни грешки и злоупотреби, дигитализација и модернизација на нотарските процеси и одржување на квалитетен и професионален кадар.

„Целта не е само да се зголемат цените, туку да се создаде систем кој ќе биде праведно балансиран и одржлив за сите страни“, велат од нотарската заедница.

Во време кога сите правни процедури се сè покомплексни, потребата од стабилен и добро организиран нотаријат е поголема од кога било. Затоа, прилагодувањето на тарифите не треба да се гледа како дополнителен трошок, туку како инвестиција во правната сигурност и заштита на сите граѓани.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција

Што Ви е потребно за влез во Австрија

Редакција

Колкава плата имал лани директорот на Макошпед

Редакција