еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова ера за дуалното образование: Хајделберг факултет и НЛБ Банка стануваат стратешки партнери

Хајделберг факултет и НЛБ Банка АД Скопје официјално ги здружија силите во имплементацијата на германскиот модел на дуално високо образование во Северна Македонија, информираат од таму.

Партнерството беше официјализирано со потпишување на Меморандум за соработка на 14. април во просториите на банката.

Во име на НЛБ Банка, документот го потпишаа м-р Дејан Маџовски, директор на сектор за човечки ресурси и Елизабета Саздовска, помошник директор, додека Хајделберг Факултет беше претставен од м-р Даниела Стефаноска, директорка и проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Одборот на директори.

Со овој меморандум се отвораат нови можности за студентите, можност за практична настава во рамки на реномирана банка, работа на реални проекти и директно менторство од докажани експерти од финансискиот сектор.

„Партнерството со НЛБ Банка е голем чекор напред во визијата за градење на образовен модел кој ги подготвува студентите за реалниот свет. Нашата цел е да креираме генерации подготвени да се вклучат во современиот пазар на труд уште за време на студиите,“ изјави проф. д-р Улрих Цајтел.

Хајделберг факултет е прв во земјата кој системски го воведе концептот на дуално образование – со комбинирање на академско знаење и професионална пракса. Преку оваа соработка, студентите ќе имаат уникатна можност да учат и работат истовремено, градејќи релевантни вештини и искуство во текот на целиот тригодишен циклус.

Како што беше нагласено на настанот, факултетот е под супервизија на Универзитетот Провадис од Франкфурт и веќе е акредитиран како партнер за германски додипломски студии во регионот на Западен Балкан.

Од НЛБ Банка нагласуваат дека ваквото партнерство е дел од нивната долгорочна стратегија за поддршка на младите и развој на талентирани кадри. „Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината – а токму со овој модел, го скратуваме јазот меѓу теоријата и праксата,“ велат од Банката.

Соработката предвидува вклучување на студенти во активни проекти, менторирање, како и можност за кариера во рамки на НЛБ уште од прва студиска година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Редакција

Повик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Редакција

Јелена Јованова во првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Редакција