Почина повредениот во престрелката помеѓу двете групи на Бит Пазар.
„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите”, велат од МВР.
Претходно полицијата информираше дека денеска околу 14 часот, на ул.„Војдан Чернодрински“ имало пукање од огнено оружје.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила.
Според информациите од албанските медиуму, станува збор за Алајдин Сулејмани од Арачиново.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар, повредено едно лице
Фото/Unsplash