Денеска за првпат во Скопје на протестот насловен како „Марш на ангелите“ низ градот маршираа родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Родители, роднини и пријатели на загинатите и повредените со фотографии на најмилите протестираа пред Основното јавно обвинителство, а потоа и пред македонското Собрание.
Како и на сите ниви досегашни протести побаара правда и одговорност од институциите, но и оставки од сите функционери, од пратеници до премиер и министри и обвинители.
Можеше да се забележи дека подршка на маршот не дадоа жителите на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Обвинителството прими дел од родителите на загинатите во пожарот во Кочани
(Видео) Тошковски прими дел од родителите на загинатите во пожарот во Кочани
Фото/видео: Игор Бансколиев