Стигна официјална информација дека во синоќешната престрелка во кафуле на Градскиот плоштад во Штип е убиен државјанин на Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во него пукаше исто така државјанин на Турција, кој е се уште во бегство.
Тој синоќа додека бегал од полицијата ја пробил и наплатната рампа кај Миладиновци.
Информацијата за убиството ја потврдија од Основното јавно обвинителство Штип, од каде информираа и дека од местото на убиството се подигнати чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење.
Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор.
Телото на починатиот е дадено за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години имал убиениот турски студент во Штип
(Вознемирувачко видео) Уапсен напаѓачот кој уби турски студент во Штип
Видео: ТВ Стар/фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.