еМагазин
Image default
Бизнис

Биди и ТИ дел од тимот на Рамстор!

Секоја година, на 20. Мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на човечките ресурси – ден посветен на професионалците кои стојат зад највредниот, најзначајниот ресурс на секоја организација: човечкиот потенцијал-луѓето.

Овој ден е прилика да се препознае и одбележи важната улога на HR професионалците во градењето на здрава организациска култура, во унапредувањето на работните односи и процеси, развојот на вработените и поддршката на лидерството. Тие се оние кои ги слушаат потребите на вработените, креираат стратегии за развој на таленти, обезбедуваат еднакви можности, и го поттикнуваат растот и благосостојбата на секој поединец во организацијата.

Во време на постојани промени и предизвици, улогата на човечките ресурси станува сè посуштинска. Тие не се само дел од административните процеси, туку активни двигатели на промените, иновациите и организацискиот успех.

Со цел заедно да го одбележиме овој ден Ве покануваме да дојдете на Отворениот ден за вработување, организиран во вторник – 20. Мај во рамки на Рамсторе Мол со почеток од 10 часот, па се до 16 часот.

Доколку барате стабилна работа, професионален развој и пријатна работна средина Рамсторе е вистинското место за Вас. Рамсторе маркети ги отвора вратите за сите заинтересирани кандидати!

На нашиот Отворен ден за вработување ќе имате можност:

✅ Да се запознаете со нашиот тим

✅ Да дознаете повеќе за отворените работни позиции

✅ Да оставите Ваша биографија (CV)

✅ Да имате кратко интервју на лице место.

Бараме мотивирани и одговорни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим. Без разлика дали имате искуство или штотуку започнувате со работа – Вашата енергија и желба за учење се најважни!

👥 Позиции кои ги отвораме:

Работници во продажба

Касиери

Месари

Продавачи на деликатес

Рибари

Магацински работници

И многу повеќе!

📌 Понеси го Вашето CV и насмевка – останатото ќе го направиме заедно!

Ве очекуваме!

#Рамсторе #КариераВоРамсторе #ОтворенДен #Вработување

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мислење од правниот тим на Еуромакс Ресоурцес

Редакција

Витаминка, Макпрогрес и Европа ќе им дадат дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно: Кој е следен?

Редакција

Интернешнел Хотелс во првите три месеци во загуба

Редакција