Вчера во Клиниката за детски болести при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје, неговата мајка Т.Ѓ.С. (36) во службен разговор рекла дека детето претходно било однесено во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести, каде била констатирана неговата смрт.
Телото на детето е дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ