На Фејсбук групата „Грчка инфо“ денеска е објавено дека млад Србин спасил постар Македонец во Олимпик бич, Грција, да не се удави.
Македонецот според објавата бил на одмор со сопругата, а со нејзе влегол заедно во водата држејќи се за раце. Таа била пливач, а тој не.
Се движеле околу 50 метри од брегот, каде што водата им била до половината, кога се слушнал крик и повик за помош. Девојка која била во нивна близина почнала да повикува помош.
-Во тој момент, млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалка и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата на брегот, стои во објавата.
За среќа, меѓу пливачите имало и девојка, докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација.
По некое време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете. Набрзо пристигнала Итна помош и го пренела во болница.