Бензините и дизелот од вечерва на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК).
Бензинот Еуросупер БС-95 од утре ќе се продава по цена од 76 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 78 денари по литар, а дизелот за 67,5 денари по литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денари и од утре ќе се продава за 67,5 денари по литар.
Цената на мазутот поскапува за 1,3 денари, и од утре ќе чини 39,8 денари по килограм.
Фото: Unsplash