За пожарот во т.н. дискотека во Кочани се обвинети и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Едниот од нив е Ратко Димитровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Другите двајца се Николчо Илијев од опозициската СДСМ, неговиот наследник, како и Љупчо Папазов, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на оваа позиција до трагедијата, по што поднесе оставка.
Тие се обвинети бидејќи никогаш не ги известиле Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија дека т.н. дискотека работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа, а никогаш не ни наредиле надзор или контрола, а Општината месечно од неа примала 2.000 евра.
еМагазин разгледа што пријавил како имот Димитровски според податоци на mkopen.org од 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени
Каков имот пријавил
Како заеднички имот пријавил куќа во Кочани, а на име на сопругата уште една куќа и земјоделско земјиште, исто така во Кочани.
На свое име пријавил земјоделско земјиште во Сопиште.
На име на сопругата пријавил возило “мерцедес“, а на свое “смарт“.
На свое име пријавил и акции, обврзници и сопственички удел.
Има и кредит од 190 милиони денари, кој според податоците кои ги дал тогаш, треба да го врати до 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Папазов, кој е обвинет за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Илијев, кој е обвинет за пожарот во Кочани
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/Димитровски