Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е обвинет за пожарот во Кочани

Меѓу 34. лица кои се обвинети за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица се и двајца поранешни министри за економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани

Станува збор за поранешните министрите за економија Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши.

Со обвинението пак не се опфатени поранешните министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири, кои исто така беа осомничени.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Бектеши кој го доставил до Антикорупциската комисија кога по вторпат станал министер за економија, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа од 280 метри квадратни во Кичево, проценета на 6,8 милиони денари, како и градежно земјиште од 826 метри квадратни, исто така во Кичево, проценето на 58 милиони денари.

Има две возила, “хјундаи тускон“ и “мерцедес бенз“.

На име на родителите пак пријавил градежно и земјоделско земјиште и деловен простор во Кичево, куќа во Приштина, Косово, стан во Базел, Швајцарија, три стана, од кои едниот во Каваја, Албанија и возило “митсубиши ланцер„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Папазов, кој е обвинет за пожарот во Кочани

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Илијев, кој е обвинет за пожарот во Кочани

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Димитровски, кој е обвинет за пожарот во Кочани

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести