На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, бранителот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшески, во завршните зборови побара ослободителна пресуда за него.
Страшевски меѓудругото посочи дека Основното јавно обвинителство Скопје не ја докажало вмешаноста во двата кривично правни настани на неговиот клиент, дека не прикажало ниту еден конкретен доказ со кој би се докажала неговата вина, како и дека не постои никаква трага, слика или некаков материјален доказ дека Палевски ги извршил кривичните дела.
– Палевски е обвинет со обвинителен акт со само 17 докази, но нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува неговата вина. Докази во овој судски процес не постојат, рече тој.
Според Страшески ниту полицијата, ниту Обвинителството не ги докажале причините зошто е грабната Ѓорчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресудата за убиствата на Вања и Панче на 25. јуни, што кажаа обвинетите во завршните зборови